Важи за еден од најзгодните Македонци: Не е само гласот, туку и до „стасот“

Тој е еден од најубавите мажи во Македонија и еден од најуспешните во својата област. Пред да ги достигне височините едно време беше манекен и забележан од сите приврзаници на естетиката и уметноста.
Дарко Тодоровски, оперски пејач од Куманово со меѓународна кариера, неодамна го воодушеви домашната публика со концертот „Ехото на Македонија“ во Занаетчиски Дом, претставувајќи македонски евергрини и етно теми во современ аранжман со пијанистот Јован Цветковиќ.
Образуван во Москва, каде магистрирал и докторирал со стипендија, Дарко е врвен уметник со настапи низ светот – од Њујорк до Валенсија. Денес живее во Атина, каде паралелно со музиката работи во меѓународна сфера.
Владее седум јазици и останува силно поврзан со родниот град, каде секогаш се враќа со љубов. Тодоровски планира да го преточи концертниот репертоар во албум, зачувувајќи ја македонската музичка историја низ современа интерпретација. Има одличен стил на облекување.