„Вечна инспирацијо, кралице“... Еве како колегите ѝ го честитаа роденденот на Тамара Тодевска

Добивај вести на Viber

Македонската поп ѕвезда Тамара Тодевска вчера го прослави својот роденден на прекрасно организирана прослава на Козјак, каде што приреди и ексклузивен настап за своите најблиски пријатели, семејството и колеги од естрадата. 

Атмосферата беше исполнета со емоции, музика и радост, додека славеничката ги воодушевуваше присутните со својот моќен вокал и харизма.

На роденденската прослава присуствуваа многу блиски личности од животот и кариерата на Тамара, кои не ја пропуштија можноста лично да ѝ ја честитаат оваа специјална прилика. Славеничката блескаше во целата вечер, опкружена со луѓе што ѝ значат, уживајќи во интимна, но весела атмосфера.

Честитки за роденденот на Тамара пристигнуваа и на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде што бројни познати личности ја изразија својата љубов и почит кон неа. Нејзиниот долгогодишен пријател и колега Роберт Билбилов се огласи со трогателна честитка, пишувајќи: „Среќен роденден моја вечна инспирацијо“, додека пејачката Викторија Лоба сподели заедничка фотографија со Тамара и напиша: „Среќен роденден, кралице“.

Покрај нив, социјалните мрежи беа преплавени со пораки, фотографии и убави желби од фанови и јавни личности. Тамара не остана рамнодушна – преку емотивна објава на својот Инстаграм профил, им се заблагодари на сите за љубовта и поддршката, истакнувајќи дека чувствува длабока благодарност што има толку многу искрени луѓе околу себе.