(ВИДЕО) Татко среќно си игра со синот: Камерата ја откри вистината

Добивај вести на Viber

Татко си игра со својот син и изгледа среќно. Подоцна, камерата ја откри вистината, односно дека овој прекрасен татко нема раце.

Ова бебе добива многу љубов од татко си. Кога за прв пат го гледате ова видео, нема ни да забележите дека таткото, Џорџ Денхи, нема раце.

Но, тоа не го спречува да ги поминува најскапоцените моменти со својот син.

Денхи е роден без раце и посвоен од американско семејство кога имаше само една година. Кога наполни осум години, тој започна да учи да свири на виолончелото и оттогаш цвета неговата љубов кон музиката.

Тој ја следеше својата страст свирејќи со нозе и сега може да свири гитара, електричен бас и пијано.

Кога не свири музички инструмент, се грижи за својот син. Благодарение на ова видео можеме да видиме колку тој е борец и дека нашите секојдневни проблеми се всушност ситница…