Во Бугарија од денес само со негативен тест: Топ три плажи кои мора да ги посетите

По неколку месеци забранет влез на македонските државјани во соседна Бугарија, поради панцемијата од корона вирус, од денес граѓаните може да патуваат за нашиот источен сосед. Но, само со негативен ПЦР тест, и истиот не треба да биде постар од три дена.
Доколку, оваа одлука на Владата на Република Бугарија е добра за вас и се вклопува со вашите првични летни планови, за одмор на црното море, погледете кои топ 3 плажи задолжително треба да ги посетите на бугарското црноморие.
На територијата на Бугарија се најубавите и егзотични плажи на Балканот за незаборавен
летен одмор! Широка песочна плажа, чисто море и одлична природа. Ова ги прави
плажите во ова земја омилено место на многу туристи.
1. Плажа
Иканталака, позната и како „Свети Ѓоргија“ и „Бела лагуна“. Плажата
всушност се наоѓа помеѓу Балчик и Каварна.
Ова е веројатно едно од најживописните места на целиот бугарски брег на Црното Море. Тука плажата е доста тесна, опкружена со високи бели карпи кои драматично се издигнуваат над морето. Карпите се природно живеалиште за голем број и различни видови птици, што пак е предуслов за развој на селски туризам. Многу луѓе доаѓаат тука секоја година да ги набљудуваат и фотографираат птиците и нивните специјални ритуали. За туристите има многу хотели во Иканталака, кои нудат одлични услови за своите гости.
2. Плажата со
кампување „Добруџа“, позната е како вистински рај за туристите кои го
избрале мирот и тишината на природата над модерните летувалишта.
Плажата е рамна и чиста, со азурно море, златен песок и прекрасна глетка.
Градот Шабла е извонредно убав град и е прво место во Бугарија каде што сонцето сјае
рано наутро.
3. Бела
плажа е една од најубавите плажи во Бугарија.
Посетителите на градот можат да уживаат и во морското ветре и од свежиот
шумски воздух. Плажата е широка, а водата е јасна и неверојатно сина. Морето е
многу длабоко и претставува предизвик за љубителите на пливање.
Извор: experience.bg
Четири свети места во Бугарија каде се остваруваат сите соништа и желби