За мене беше татко од најубавата сликовница: Снежана Лупевска Созен се прости со својот сакан родител

Познатата новинарка Снежана Лупевска Созен на социјалните мрежи сподели тажна вест.
Имено таа со емотивна порака соопшти дека починал нејзиниот сакан татко:
„ Велат таткото е првиот пријател што го среќаваш во животот, и дека ќерките и татковците делат едно срце. Татковците се супер херои, водич во животот..... Мојот татко беше сето ова но и многу повеќе. Смирен но и силен, тивок но и решителен, за мене татко од најубавата сликовница мојот Суперман ...со сето ова не сфаќав дека старее.... дека еден ден може да не биде со нас оти никогаш не се залеше и сè можеше сам. За жал утрово го напушти овој свет, но знам дека месечината не свети залудно толку силно вечерва Од таму горе, од небото широко отворено за него и понатаму ќе ме следи и сака. Почивај во мир татко. “