Адријана Ацевска го покажа „најважниот маж“ во нејзиниот живот - нема да верувате кој е!

Добивај вести на Viber

Македонската фолк-пејачка Адријана Ацевска, која ретко открива детали од својот приватен живот, овојпат ја изненади јавноста со емотивна објава на социјалните мрежи. На својот Инстаграм-профил, таа сподели фотографија со нејзиниот брат, посветувајќи му роденденска честитка која ги освои срцата на нејзините следбеници.

„Среќен роденден на најдобриот брат на сите времиња (освен кога многу ме нервираш). Те сакам до месечината и назад“, напиша Адријана во описот на фотографијата, покажувајќи искрена братско-сестринска љубов и блискост.

Иако е редовно присутна на јавната сцена, пејачката многу внимателно го чува својот приватен живот подалеку од очите на јавноста. Токму затоа оваа објава е уште поемотивна и значајна за нејзините фанови.

Адријана Ацевска важи за една од најпрепознатливите фолк-интерпретаторки на македонската естрада, а со оваа објава уште еднаш потврди дека, покрај музиката, семејството за неа е на прво место.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г