Андријана Алачки со насмевка и пријатели ги слави годините: Еве што сѐ имаше на роденденската трпеза

Добивај вести на Viber

Македонската пејачка и естрадна уметница Андријана Алачки неодамна го прослави својот роденден во прекрасно друштво и уште поубава атмосфера.

Поводот беше одбележан во Порторож, Словенија, во домот на нејзините драги пријатели Ирена и Изток Легат, со кои, како што напиша самата Андријана, традиционално го слават „заедничкиот роденден“.

Во Порторож, во домот на нашите драги пријатели Ирена и Изток Легат си го прославивме ‘заедничкиот роденден’ традиционално, јас и Изток, сподели Андријана во објава на социјалните мрежи, придружена со фотографии кои зрачат со позитивна енергија.

Инстаграм 

Најмногу внимание привлече роденденската трпеза — богата со специјалитети кои ги задоволуваат и најпребирливите гурмани: од кавијар, до вкусни десерти. Сепак, ѕвезда на вечерта беше роденденската торта, подарок од нејзините пријатели, која собра најмногу симпатии и честитки.

Инстаграм

Фотографиите откриваат опуштена и весела атмосфера исполнета со насмевки, а според сè, може да се заклучи дека Андријана навистина ужива во пријателството, убавите моменти и со голема гордост ги дочекува новите години во својот живот.

М.С.К