Актуелно // Insta вести
Антониа Гиговска на одмор со семејството: Малиот Киан со мама и тато на море
- 02 Јули, 2025 20:39

По бројните настапи низ Македонија и работните обврски со снимање спотови, песни и модни едиторијали, македонската пејачка Антониа Гиговска реши да ја искористи летната сезона за заслужен одмор, кој го посвети на своето семејство.
Пејачката за овој период одбрала да ужива со својот сопруг Роберт и синот Киан.
На социјалните мрежи, Антониа сподели неколку фотографии од опуштените моменти на одмор во Грција.
За оваа семејна идила покрај море, Антониа одбрала бикини во ментол боја, совршено усогласено со летната атмосфера. За опуштените моменти за играње со синот, пејачката се одлучи за лесна летна комбинација, која вклучува куси панталони и топ.
Фото: ИнстаграмРЖМ - Г.Д.Г