Билјана Дебарлиева како вино: Наздрави со сопругот во име на нивната љубов, ќе се изненадите колку години се заедно

Познатата македонска ТВ личност Билјана Дебарлиева повторно ја воодушеви јавноста со објава што зрачи со љубов, топлина и искреност.
На својот Инстаграм профил, таа сподели фотографија на која заедно со својот сопруг, Јован Дебарлиев, наздравуваат со чаша вино – во име на љубовта која ги врзува повеќе од три децении.
Инстаграм
Нивната приказна е редок и инспиративен пример за стабилен и хармоничен брак, кој ги надминал сите предизвици на времето и останал цврст како и првиот ден.
Љубовта на Билјана и Јован е крунисана со две деца, а гордоста со која таа зборува за своето семејство е секогаш искрена и полна со емоции. Често знае да го покаже својот сопруг во јавност, не криејќи дека токму тој е нејзината најголема поддршка низ годините.
Билјана Дебарлиева со години важи за едно од најубавите и најпрепознатливи ТВ лица во македонската медиумска сцена. Со својот стил, шарм и грациозност, таа редовно добива комплименти, а многумина коментираат дека Јован е вистински среќник што ја има токму неа покрај себе.
М.С.К