Четири години љубов: Шеф Марк сподели емотивна свадбена фотографија со сопругата Василка

Шеф Марк, познат по своите уникатни и елегантни кулинарски дела, заедно со својата сопруга, македонката Василка Димовска, го прославија четири години брак. По оваа посебна прилика, Марк сподели емотивна свадбена фотографија од 2021 година на своите социјални мрежи, со датумот на нивната годишнина, 22 јуни.
Марк и Василка се венчаа во 2021 година, на мала свадба која беше проследена со традиционални македонски звуци – зурли и тапани, кои беа неизбежен дел од атмосферата на овој значаен ден.
Шеф Марк на македонската јавност стана познат не само по своите гастрономски вештини и кулинарски мајстории, туку и по тоа што јавно ги изразува своите чувства и љубов кон Македонија. Неговото име стана синоним за креативност и елеганција во кујната, благодарение на неговото учество во телевизиското шоу „Брза кујна“.
Во моментот, Марк е водител на своето телевизиско кулинарско шоу на Телевизија Телма, „Авантурите на Марк“, каде што споделува интересни комбинации на храна и ужива во друштво на најразлични гости од Македонија.
Фото: ИнстаграмРЖМ - Г.Д.Г