Чорба, елеганција и бугарска музика – објавата на Велевска која ги изненади сите

Македонската фолк пејачка Елена Велевска изненади многумина со нејзината најнова објава на Инстаграм, која доби бројни реакции и коментари.
Наместо концертен настап или нов спот, овојпат таа реши да сподели дел од своето секојдневие – и тоа од кујната.
На фотографијата се гледа едноставен, но внимателно сервиран оброк – чорба од доматно пире. Но, тоа што привлече особено внимание е музичката поддршка на објавата: бугарска песна во позадина.
Изборот предизвика низа коментари од фановите, од оние кои беа пријатно изненадени, до такви кои го сметаат тоа за необичен чекор.
Сепак, едно е сигурно – Велевска негува не само својот изглед, туку и начинот на живот. Таа важи за една од најубавите и најнегуваните жени на македонската музичка сцена, и со секоја нова објава потсетува дека добриот изглед доаѓа и од правилна исхрана.
Со овој мал, но значаен гест, таа повторно привлече внимание и покажа дека не мора секогаш да биде микрофон во рака за да се биде интересна и актуелна.