Да не губиме надеж: Во битката за наоѓање на Мартин денес вклучени воздушни дронови и куче трагач

Добивај вести на Viber

Сите молитиви деновиве се упатени за Мартин и тој да биде пронајден жив и здрав.

Иако заврши законскиот рок од 72 час, по молбите од Скопје и министерот Османи, потрагата по момчето на Халкидики ќе продолжи и денес.

Според пишувањето на грчки voria.gr по 31 годишниот Мартин денес ќе се трага со помош на воздушен дрон и куче трагач.

Според информациите на Voria.gr, два воздушни дрона на OFKATH и куче спасител со дресер Марија Арманиду денеска влегуваат во битка за лоцирање на Мартин кој дошол во Грција на одмор. Во исто време ќе продолжат да дејствуваат и пешачките единици на спасувачите. Повеќе детали за потрагата прочитајте на Фактор.мк