Далеку од очите на јавноста: Ќерката на Зоран Заев ужива во летна романса со момчето

Александра Заева, ќерката на поранешниот македонски премиер Зоран Заев, овие денови ги поминува под сицилијанското сонце, уживајќи во летниот одмор на едно од најатрактивните медитерански острови – Сицилија.
Судејќи по објавите на нејзиниот Инстаграм профил, Александра не е сама – на патувањето ѝ се придружило и нејзиното момче, со кого, според објавените сториња, заедно ги истражуваат природните убавини и историските локалитети на островот.
Меѓу споделените моменти доминираат глетки од раскошниот италијански пејзаж – погледи кон тиркизното море, шармантни улици од типични сицилијански градчиња и атмосфера што зрачи со елеганција и летна безгрижност. Во една од последните објави, Александра сподели фотографија со импресивен панорамски поглед, со кратка, но впечатлива порака: „Мал рај!“.
Инаку, Александра Заева ретко се експонира јавно, но преку социјалните мрежи повремено споделува дел од своето секојдневие, патувања и стил, привлекувајќи внимание со својот модерен изглед и префинет вкус.
Летниот одмор на Сицилија е уште едно патување во нејзиниот активен и урбан животен стил, а фановите со интерес ги следат нејзините објави што откриваат дел од нејзината приватност – секогаш со доза на елеганција и дискретен гламур.
Фото: Инстаграм
РЖМ