Децата безгрижно си играат, над нив се вее големо знаме на Кутлеш: Ламбе повторно поттикнува патриотски емоции (ФОТО)

Популарниот македонски пејач Ламбе Алабаковски повторно ја разбранува јавноста, откако на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се гледаат неговите деца како се играат покрај голем базен, а во заднина се вее знамето со „Кутлеш“, древниот симбол што долго време предизвикува поделени мислења на Балканот.
Иако на фотографијата во фокус се неговите деца во безгрижна летна атмосфера, вниманието на јавноста веднаш го привлече присуството на знамето, кое грчките власти го сметаат за провокација, а дел од македонската јавност – за симбол на историска припадност и национален идентитет.
Ова не е прв пат Алабаковски да се најде во центарот на контроверзии. Во 2022 година, тој беше уапсен и обвинет за палење на културниот клуб на Бугарите во Битола, инцидент кој го подели македонското општество. За едни, тој стана симбол на „народен отпор“ и патриотизам, додека други го осудија неговиот чин како опасен вандализам што само ги влошува тензиите во регионот.
Иако Алабаковски подоцна изјави дека неговите постапки биле одраз на лична револта и љубов кон татковината, судската постапка и натаму останува белег во неговата јавна кариера.
М.С.К / Фото: Фејсбук