Две среќи во еден живот: Хуманитарецот Борче Стаменов слави роденден

Добивај вести на Viber

Месец август донесе најголема животна радост за Борче Стаменов, човекот кој стои зад хуманитарната иницијатива „Донирај компјутер“. Стаменов стана татко за првпат, а во неговото семејство пристигна малата Каја.

Само неколку дена подоцна, нова причина за славење – роденденот на Стаменов. Во објава на социјалните мрежи, тој со доза на хумор и емоции напиша:

„Кој рано рани, две среќи граби. Ја може рано не ранам, добро не ранев ич, ама затоа зграбив две среќи. Едната се вика Оле, другата Каја. И денес, после многу години, можам дури и сам на себе да си речам: епа Боривоје дочека, среќен ти роденден.“


Стаменов е познат по својата долгорочна заложба за создавање подобро општество преку иницијативата „Донирај компјутер“, преку која досега стотици деца добија пристап до компјутери.

По повеќе од шест години активно ангажирање, оваа 2025 година тој е номиниран за државната награда „11 Октомври“, едно од највисоките државни признанија.

Во 2023 година, на Меѓународниот ден на човековите права (10 декември), Стаменов беше добитник на државната награда „Мето Јовановски“, која се доделува за значаен придонес во промоцијата и заштитата на човековите права.

Оваа година, пак, се очекува да му биде доделена и државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година – признание за особен придонес во областа на хуманоста, солидарноста и хуманитарната дејност.

Борче Стаменов продолжува да биде инспирација и пример дека и поединец може да направи вистинска разлика во општеството.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбук

Позитив на денот: Борче Стаменов стана татко и ја сподели среќата со сите

Тој не продава соништа – ги донира! Борче Стаменов номиниран за највисока државна награда