Џокси на семејно патување во срцето на Јапонија: Открива што го воодушеви во оваа земја!

Добивај вести на Viber

Познатиот македонски музичар, Ѓорѓе Васиќ, или како што го познаваат многумина, Џина Папас Џоски, со сопругата Виолета, изминатите два месеци престојуваат во Јапонија, каде што студира нивната ќерка Евгенија.

Од своето патување, Џокси редовно споделува свои импресии на социјалните мрежи, опишувајќи ги секое ново доживување и искуство. Првата фотографии која што ја објави беше од познатата бамбусова шума во Арашијама, Кјото, која се смета за културно наследство и едно од омилените места за туристите кои сакаат да побегнат од градската врева.

По прошетка во природа, Џокси покажа и дел од знаменитостите кои се вредни да се посетат.

„Малку се прошетавме и ноќе, а светилките не одведоа до едно многу атрактивно и посетено место, Tokyo Station. Станицата Токио е главна порта кон главниот град за посетителите што пристигнуваат со брз воз или од аеродромот Нарита. Величествената фасада од црвена тула, изградена во 1914 година, отстапува место на жив подземен град со железнички пруги, продавници и ресторани. Сепак, како и многу железнички станици во Јапонија, така и станицата Токио е повеќе од само дестинација за патниците. Многу од атракциите во Токио што треба да се посетат се само на 5 до 10 минути од неа“, напиша Џокси во својот пост.


Од другите знаменитости, Џокси ги сподели и впечатоците од Tokyo Imperial Palace – главната резиденција на царското семејство. Тоа е место опкружено со голем парк и масивни камени ѕидови во центарот на Токио, и е едно од најзначајните историски и културни места во Јапонија.

Исто така, Џокси се осврна на јапонските трговски центри, кои според него се големи и многу популарни. „Ги поминав пеш од 9.00 сабајле до 18.00 вечерта. Гужва насекаде кога е недела, но ми беше чудно што е тоа толку народ на 4-ти кат. Па се упатив таму. Кога видов, глетката ми испровоцира насмевка: Деца. Мајки, татковци, баби, дедовци. Цели фамилии. Цел 4-ти кат, од прилика колку 2 скопски Дајмонда, е наменет за деца. Од секаков вид продавници за облека, игротеки, колачи, сладоледи...“, раскажа Џокси.

Јапонија е позната и по својата вкусна и разнолика кујна, а Џокси откри дека се навикнува на кафе и десерти, кои му оставиле посебен впечаток. 

Покрај тоа, тој имал уникатна можност да го посети храмот Kakuonji Temple во Камакура, кој е отворен само еднаш во годината и за кој е обезбеден водич на јапонски јазик.


Со овие нови авантури, Џокси и неговото семејство продолжуваат да уживаат во своето време во Јапонија, додека истовремено откриваат нови културни и туристички убавини на оваа далечна земја.

Фото: Фејсбук
РЖМ - Г.Д.Г