„Е ова е мојата најголема награда“: Децата од маалото на Спасен му приредија изненадување под прозор на пејачот

Македонската народна песна „Ќе ти дојдам“ отпеана од фолк-пејач Спасен Силјановски која пред неколку години стана вирална на социјалните мрежи и ден денес е уште хит кој го пејат од 7 до 77.
Потврда за тоа е објавата на пејачот на која маалски дечиња од Водно му ја пејат на Спасен „Ќе ти дојдам“, а тој ужива во глетката.
„Е ова е мојата најголема награда, ова е тој момент кој што ме прави најсреќен и најисполнет. Зарем има нешто послатко од тоа кога овие прекрасни дечиња ќе ве пречекаат пред вашиот дом за да ви го испеат вашиот рефрен. Епа горд сум што дечињата од мојот комшилук не слушаат ШУНД, туку си ја сакаат онаа нашата, Македонската“, напиша во објавата пејачот.
Автор на песната е Спасен, во соработка со Златко Миладиновски и неговата мајка Јагода Силјаноска. Песната првпат е отпеана на „Лешочкиот фолк-фест“ во 2018 година.
Фото: Принтскин/ Фејсбук видео
РЖМ - Г.Д.Г