Актуелно // Insta вести
Елена Петреска демонстрира мода од улиците на Париз: Вака се дотера пејачката за роденден (ФОТО)

Елена Петреска е една од нашите најпознати поп пејачки.
Таа од неодамна живее во Белгија, а за нашиот магази откри дека ваквата одлука како семејство ја донеле поради понудата за работа на нејзиниот сопруг Андреј и не била лесна. Подолго време размислувале пред да го направат овој чекор.
Елена е прилично активна и на социјалните мрежи често пати споделува како ѝ поминуваат деновите, каде е и што прави.
Овој пат, директно од Париз таа ни демонстира одлична модна комбинација.
Вака, пејачката се скоцкала за роденденот на нејзина пријателка.