Елена Ристеска со емотивна и топла роденденска честитка по повод роденденот на сестра ѝ: Еве колку си личат

Добивај вести на Viber

Македонската пејачка Елена Ристеска повторно ги разнежни своите следбеници на социјалните мрежи, овојпат со топла и искрена роденденска честитка до својата сестра.

На својот профил на Instagram, Елена сподели неколку заеднички фотографии со сестра ѝ, а објавата беше проследена со трогателна порака:

„НАЈСРЕЌЕН РОДЕНДЕН сестра моја. Ти посакувам мир во душата и живот полн со смисла. Те сакам.“

Многумина се изненадија колку всушност двете сестри наликуваат една на друга. 

Честитката на пејачката наиде на многу позитивни коментари од нејзините обожаватели, кои ѝ се приклучија во добрите желби за нејзината сестра. 

Елена уште еднаш покажа колку ѝ е важна семејната поврзаност и колку ја цени безусловната љубов меѓу сестри.

Извор: Инстаграм