Емра Куртишова и Петар Стојанов избегаа од горештините – еве каде уживаат со малата Лена!

Добивај вести на Viber

Актерката Емра Куртишова и нејзиниот сопруг, актерот Петар Стојанов, заминаа на семејно патување заедно со нивната ќерка Лена. Двојката, која е дел од ансамблот на Театарот за деца и младинци, одлучи заслужениот одмор да го помине на брегот на Боденското Езеро.

Тие престојуваат во германскиот град Констанц, кој се наоѓа на самата граница со Швајцарија и е познат по своето живописно крајбрежје и културна понуда. Изборот на дестинацијата не е случаен – во Констанц живее сестрата на Куртишова со нејзиното семејство, што ја прави посетата уште посебна и полна со семејни моменти.

Kонстанц е универзитетски град со околу 83.000 жители, сместен во сојузната покраина Баден-Виртемберг, на западниот брег на езерото Констанц. Градот нуди комбинација од природна убавина и историја, што го прави идеално место за одмор и создавање незаборавни спомени.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г