Еве во каква состојба е: Џеси Џеј откри како поминала операцијата за отстранување на рак од дојка

Познатата британска пејачка Џеси Џеј, која неодамна беше оперирана поради рак на дојка, им се обрати на своите следбеници преку Инстаграм, споделувајќи информации за здравствената состојба 11 дена по операцијата.
„Добро сум, но ми недостига да бидам активна мајка и личност“, напиша таа, додавајќи дека нејзиниот син Скај ужива со баба и дедо додека таа закрепнува.
Иако сè уште чувствува непријатност и болка, Џеси откри дека престанала да зема лекови против болки:
„Тоа не е моја работа. Сакам да го чувствувам телото за да не претерам“, рече таа.
Рака на срце: „Ова не е крај, сè уште ги немам резултатите“
Иако претходно напиша „ракот е целосно отстранет“, сега појасни дека тоа било позитивна афирмација, а не потврден медицински факт. Таа нагласи дека сè уште чека официјални резултати по мастектомијата.
„Многумина мислат дека сум веќе излечена. За жал, тоа сè уште не е сигурно. Се надевам дека наскоро ќе можам да го кажам тоа како факт“, рече таа.
Продолжува битката, но со насмевка
Во меѓувреме, Џеси Џеј откри дека ѝ е тешко што не може да го држи својот син, но се труди да гледа на позитивната страна:
„Го гледам 'Love Island' без грижа на совест, разговарам со пријатели повеќе од кога било, а Чанан ме прави да се чувствувам безбедно“, додаде.
Пејачката објави дека ќе се повлече од социјалните мрежи на кратко, за да се посвети на закрепнување и ментален мир:
„Главата и градите ме болат. Ќе се вратам наскоро. Ви праќам љубов.“
И покрај сериозната дијагноза, таа настапи на големиот концерт Capital Summertime Ball во Лондон на 15 јуни, каде емотивно најави пауза за да се бори против болеста.
Извор: The Sun

