Фудбалер со модна визија: Столе во храбра модна комбинација – Погледнете ги неговите обувки!

Добивај вести на Viber

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој моментално брани за шпанската Валенсија, повторно привлече внимание — овојпат не со одбрана на теренот, туку со својот моден стил.

Во последната објава на социјалната мрежа Инстаграм, Димитриевски покажа дека ужива во патување со својата партнерка во јапонската метропола Токио. Но, она што најмногу го привлече вниманието на неговите следбеници не беше дестинацијата, туку неговиот оригинален моден избор.

Голманот се прошета низ улиците на Токио во кежуал издание – бермуди, обична маичка и, она што предизвика најмногу реакции – се кломпите. Спојот на комфор и стил, со доза на самодоверба, уште еднаш го потврди неговиот статус како фудбалер со истенчен моден вкус.

Љубовта на Димитриевски кон модата започнала уште од младите години, а дополнително се развила за време на неговите професионални ангажмани во Италија и Шпанија. Тој често истакнува дека облеката е средство за изразување на карактерот и културата, и не се плаши да експериментира со комбинации на традиционални македонски елементи и современа дизајнерска естетика.

Познат е и по тоа што со леснотија носи парчиња од светски модни брендови како MSGM, Givenchy и Valentino, оставајќи впечаток каде и да се појави.

Столе Димитриевски е доказ дека професионалниот спорт и модата можат да одат рака под рака, а неговиот стил го прави не само еден од најдобрите голмани на Балканот, туку и модна инспирација на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм