„И по 30 години, вистината сè уште не е откриена“: Песната што ја пее Пријовиќ на секој концерт крие морничава приказна
Александра Пријовиќ на секој настап и концерт ја изведува
песната „Сочувај ја тајната љубов моја“("Sačuvaj tajnu ljubavi moja"),
која ја знаат и помладите генерации.
Песната ја отпеал Душан Костиќ, кој се самоуби на 13 мај 1996 година. Трагедијата се случила на Панчевачки мост од кој наводно скокнал околу 18 часот и 50 минути, се наведува во краткиот полициски извештај. Наведено е и дека Душан „забележан е како ја прескокнува оградата на Панчевачки мост, меѓу столбовите 39. и 41, од каде повеќе не се појави жив“.
Телото на Душан никогаш не било пронајдено, а на местото на настанот била пронајдена неговата чанта со лични документи.
Неколку дена по самоубиството, на адресата на сопругата на Душан, Невенка, како и на адресата на родителите на Душан пристигнало кратко писмо.
- Многу те сакам, прости ми - пишувало, а на пликот немало ниту потпис ниту печат.
Неговата сопруга Невенка изјави дека таа и нивните семејства не разбираат многу работи.
- Во целиот случај има многу нелогичности. Единствениот сведок на наводното самоубиство, не е сигурен дека тој што скока е Душко. Тој изјавил дека видел само човек како скока. А тој дел е обвиен со многу тајни. Торбата и документите биле целосно суви, а неговото тело никогаш не било пронајдено - изјавила тогаш Невенка, пренесуваат медиумите.
Теории за смртта на Душан
Наводно единствен очевидец на скокот од мостот бил вработениот во ЖТП Саша Вељковиќ, кој на полиција изјавил дека не е сигурен дека човекот кој се самоуби тој ден е всушност пејач.
Телото на Душан никогаш не беше пронајдено и тоа беше доволна причина за приказните во градот.
Според една верзија, тој бил убиен, а самоубиството било исценирано за да се прикрие злосторството.
Имаше и такви кои веруваа дека пејачот бил во депресија кога се самоубил бидејќи наводно не можел да си ја врати старата слава.
Третата верзија е секако најчудна - дека Душан сам си го исценирал своето самоубиство, по што побегнал во странство поради огромни долгови.
Најдобрата пријателка и колешка на Душко, познатата пејачка Гордана Стојиќевиќ во својата изјава на темата за смртта на пејачот беше категорична според нејзиното мислење дека „тој никогаш не би направил такво нешто“.