Игор Иџе Стефановски на заслужен одмор: Луксузен ресорт и време поминато со семејството

Добивај вести на Viber

Македонскиот автомобилист Игор Иџе Стефановски, по напорната сезона и бројните извозени километри, реши да го искористи летото за заслужен одмор. 

Со високиот адреналин што го носи тркачкиот живот, Иџе одлучи да се посвети на квалитетно време поминато со своето семејство.

Одморот го поминуваат во луксузен ресорт, кој нуди приватен базен, палми и лежалки – совршена атмосфера за релаксација. Иџе сподели на својот Инстаграм профил кратка приказна од одморот, која ја пренесува магијата на сместувањето под отворено небо.

„Семеен живот“, напиша Иџе на објавата.

Во летниот период, Иџе често престојува и на својата викендица, која се наоѓа во Горна Белица, струшко, каде заедно со сопругата уживаат во природните убавини на овој регион. Овој тип на одмор за него и неговото семејство е идеален начин да се опуштат и да се поврзат со природата.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г