Ја напушти Барселона и семејството и дојде на Балканот: Ја пронајде својата љубов, работа од соништата, но и МАКЕДОНСКАТА ПАСТРМАЈЛИЈА

Добивај вести на Viber

Во време на епидемијата со коронавирусот, кога светот беше во изолација, една млада девојка од Шпанија одлучи да го следи своето срце и да ја побара среќата далеку од дома – во малиот српски град Смедеревска Паланка. 

Таму, таа не само што пронајде нов живот, туку и љубовта на својот живот – Андреја, со кого неодамна се венча.

Откако пристигнала во Србија, вели дека ѝ се исполниле сите сништа. Отворила мал ресторан за брза храна, кој за кратко време станал еден од најпосетените во градот.

Интересно е што во нејзиното мени има само еден производ – српскиот специјалитет комплет лепиња. Иако на почетокот посетителите биле скептични дека некој што не е од Србија може да го подготви рецептот на автентичен начин, таа успеала да го освои нивното срце и вкус.

Денес, многумина доаѓаат специјално за нејзините лепињи, а „Шпањолката“, како што сите ја нарекуваат бидејќи никој не го знае нејзиното вистинско име, стана едно од најпрепознатливите лица во градот.

Освен Србија, таа патувала и низ останатите земји на Балканот, а посебен впечаток ѝ оставила Македонија. За нашата земја изјави дека пастрмајлиите се едно од највкусните нешта што ги пробала и дека токму по нив ќе ја памети Македонија.

Нејзината приказна е уште еден доказ дека љубовта, храброста и страста кон готвењето немаат граници – а понекогаш и една комплет лепиња може да биде почеток на целосно нов живот.

Извор: Инстаграм 

РЖМ / МСК