Јаков и Софија родители за втор пат: Дедо Дац побогат за уште една внука- Еве какво име ѝ дадоа

Добивај вести на Viber

Јаков Спасов и неговата сопруга Софија станаа родители по втор пат. На свет дојде малата Зои.

Среќната вест ја објави актерот Драган Спасов Дац кој по втор пат стана дедо.

„Добив уште една внука. Честитки мама Софија и тато Јаков. А јас.. јас сум втор пат дедо! Нека се множи среќата. Добредојде Зои!“, напиша Дац на објавата со фотографија од среќните родители.


Во 2022 година Јаков и Софија стапија во брак, една година подоцна тие ја добија ќерката Гаиа.

Фото: Фејсбук
РЖМ