„Како сестра, а не мајка“ – мајката на Александар Јосифовски ги освои сите погледи на Дунав

Добивај вести на Viber

Македонскиот пејач Александар Јосифовски, кој веќе неколку години успешно настапува низ регионот, викендов ги наполни социјалните мрежи со позитивна енергија и семејна топлина. 

Тој сподели моменти од својот престој на обалата на реката Дунав во Белград, каде уживал во друштво на женскиот дел од своето семејство.

Она што го привлече вниманието на следбениците не беше само убавото време и опуштената атмосфера, туку и појавата на неговата мајка – дама која и денес зрачи со младоликост и енергија. 

Мајката на Јосифовски не е непозната на публиката. Таа беше негов најголем поддржувач уште од неговото учество во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде што со својата скромност и достоинствена појава освојуваше симпатии од сите страни.

Александар, кој сè почесто настапува во Србија и има стабилна публика таму, не го крие своето задоволство од поддршката што ја добива – и од дома и од странство. Неговите настапи се одлично прифатени, а тој успева да воспостави емоционална врска со публиката каде и да се појави.

Судејќи по неговата насмевка и коментарите на обожавателите, викендот на Дунав не беше само краток одмор, туку уште еден доказ дека харизмата и убавината – и надвор и внатре – се наследни во семејството Јосифовски.

М.С.К