Кантри романтика и македонски шарм: Чарна Навзати во кантри стил - Модна приказна инспирирана од дивата слобода

Добивај вести на Viber

Македонската претставничка на „Мис на светот 2025“, Чарна Навзати, е ѕвезда на јулското дигитално издание на магазинот на Fashkion Group.

Преубавата Чарна се појавува во моден едиторијал каде носи различни изгледи креирани од тимот на Fashion Group, кои совршено ја истакнуваат нејзината уникатна убавина и стил.

Во придружба на визуелниот материјал, магазинот ја претставува Чарна како пример за вистинска, севкупна убавина.

„Во јулскиот број ѝ посветуваме внимание на вистинската убавина, онаа одвнатре. Учесничка на мис на светот, студент по право, виолинистка со 9 години искуство и љубов кон животните. Чарна не е само убавина, таа е ум, храброст и визија...“, стои во описот на видеото кое го најавува изданието.


Преку овој ангажман, Чарна ја засилува својата улога како модна инспирација, но и како јавна личност со карактер, посветеност и автентични вредности.

Фото: Fashiot Group/ Маријан Трајковски
РЖМ - Г.Д.Г

*Забрането е преземање на содржини од „Женски магазин“