Каролина Гочева на одмор: Еве како изгледа нејзиното лето без стрес

Со почетокот на летото, време е за размислување каде ќе го поминеме заслужениот одмор и како ќе го искористиме времето за релаксација. Македонската поп-дива Каролина Гочева, по успешната година полна со концерти и настапи во Македонија и странство, одлучи да се повлече и да го помине својот одмор во мир и тишина.
Иако локацијата ја задржа во тајност, од фотографиите што ги сподели на социјалните мрежи, може да се претпостави дека Каролина ужива на море, целосно посветена на одморот и релаксацијата. Во една од објавите, таа напиша само: „Мир и тишина“.
Како и секогаш, Каролина внимава на својот изглед, дури и кога е на одмор. Во розово лелеаво здолниште и маичка со голи рамена, таа ужива со поглед на море, демонстрирајќи совршен баланс помеѓу стилот и опуштеноста.
Фото: ИнстаграмРЖМ - Г.Д.Г