Катaрина Ивановска покажа за што се „мераклии“ целата фамилија

Македонскиот супермодел Катaрина Ивановска повторно привлече внимание на социјалните мрежи, овојпат со една исклучително инспиративна летна објава.
На својот редовно ажуриран Инстаграм профил, таа сподели фотографии од плажа, прикажувајќи ја семејната идила во полн сјај.
Меѓу неколкуте фотографии што зрачат со мир и убавина, една особено се издвојува – Катaрина, опуштено легната под „дебела сенка“, ужива со книга во раце. Сцената е вистински повик за одмор, тишина и духовна релаксација, а описот под фотографијата гласеше: „Цела фамилија мераклии за книги“.
Со оваа објава, Ивановска не само што покажа дел од своето секојдневие, туку и откри дека љубовта кон читањето е вредност што ја негува целото семејство. Книгата, како избор за слободно време, се чини дека е омилено хоби во домот на Ивановски, и токму тоа ги одвојува од типичните слики на модерното дигитално време.
Катерина често знае да сподели лични моменти со своите следбеници, но секогаш на суптилен и стилски начин – со вкус, инспирација и позитивна порака. И овојпат, без премногу зборови, успеа да поттикне размислување и да ја издвои вредноста на едноставните нешта – добрата книга, тивката сенка и времето поминато со најблиските.
М.С.К