Кој го прави летото посебно на македонската „Гранд“ ѕвезда? Еве со кој убавец ужива покрај базен

Добивај вести на Viber

Македонската финалистка од минатата сезона на балканското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Андријана Петрушовска, моментално го ужива летото покрај базен со својот миленик, померанец. 

Со својот мал другар, Андријана се релаксира на топлото сонце, облечена во црвен целосен костим за капење и бела лесна наметка која ја дополнува нејзината летна елеганција.

Миленикот, кој очигледно ужива во друштвото на својата сопственичка, позираше во различни пози на лежалка, додавајќи уште еден шармантен момент на ова опуштено летно попладне.

Андријана јуни месец го започна со промоцијата на нејзината втора авторска песна „Отвори очи“. Минатата година, по завршувањето на шоуто „Гранд“, таа ја објави и својата прва песна „Маније“, на српски јазик, со која го направи својот прв голем музички чекор на балканската сцена.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г