Лидија Кочовска одбележа значајна етапа од животот: Погледнете како го прослави јубилејот

Добивај вести на Viber

Македонската пејачка Лидија Кочовска има убав повод за славење оваа година – ја полни јубилејната 50-ка. Познатата пејачка ја одбележа оваа значајна етапа од животот со роденденска забава, на која присуствуваа нејзините колеги од Националната опера и балет.

Роденденската прослава се одржала во скопско кафуле, каде Лидија ја дуваше роденденската свеќичка. Наместо традиционалната 50-ка, Лидија симболично ја избра свеќичката со бројот 5, што ја обележа оваа значајна годишнина на елегантен начин. За добредојде на гостите, било послужено вино и аперол како здравица за јубилејниот роденден.

Помеѓу присутните гости била и нејзината блиска пријателка и колешка, Маја Гроздановска Панчева.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г