Лила како од насловна страница на „Вог“: Еве како водителката диктира мода за плажа

Летото е тука, а со него доаѓа и трендот на големи шешири за плажа, кој веќе стана незаменлив аксесоар за секоја модна жена. Со својот елегантен изглед и практичност, овие шешири не само што ја заштитуваат кожата од сонцето, туку и додаваат неверојатен шмек стајлонгот кој се бира за на плажа.
Во едно такво модно издание овие денови на плажите во Бодрум беше забележана и нашата водителка Лила Филиповска. Таа го освежи летниот стил со волуменозен шешир, едноделен костим за капење во тренди песок боја и розови очила, позирајќи покрај базен. Овој изглед ја истакнува една од главните карактеристики на големите шешири – комбинирање на функционалност и стил.
Големите шешири за плажа може да бидат изработени од различни материјали, како слама или памук, и доаѓаат во разни облици и бои. Тие се идеални за додавање на финален акцент на вашата модна комбинација за на плажа, создавајќи изглед кој е едноставен, но елегантен. Без разлика дали сте на плажа, на коктел покрај базенот или на прошетка покрај море, големиот шешир е совршен начин да се истакнете и да изгледате како вистинска модна икона.
Овој тренд продолжува да ги освежува плажните гардероби, комбинирајќи стил и практичност за сите љубители на летниот моден свет.
Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г