Љубов и насмевки: Како Нина ја прави секоја секунда со дедо Перо Камиказа незаборавна

Добивај вести на Viber

Во животот на едно дете, присуството на дедото и бабата има незаменлива улога. Нивната близина и љубов создаваат безусловна поддршка и влијаат на растењето и созревањето на детето како индивидуа. Често тие се тука кога мама и татко имаат задолженија, или пак, без никаква причина, тие се секогаш тука за своите внуци, готови да ја поддржат и пружат својата љубов.

Една ваква силна и топла врска е онаа помеѓу Петар Ѓорѓиевски – Камиказа и неговата внука Нина. Неговата љубов и гордост кон неа може да се почувствува и во постот кој го сподели на Фејсбук, на кој напиша дека денот за него започнува со нејзината насмевка.

„Во животот има радост, љубов, среќа и насмевки. Е, виско над сите споменати суперлативи, постои највозвишеното во мојот живот. Внука ми Нина. Со вакви насмевки го почнуваме денот“, напиша Камиказа, делeјќи ја фотографија со неа.


Во интервју за Женски Магазин, Петар Ѓорѓиевски зборуваше за значењето на семејството, ме е поддршка во неговиот живот.

„Ми стана појасно дека децата се преодна фаза за внуци. Додека тие растеа, некако имавме малку слободно време за целодневна дружба со нив. Сега е друго. Сопругата поминува речиси пола ден со Нина, а и јас редовно тркнувам да ме наполни со енергија и насмевки. Нина ми е најголем дар. Сполај му на бога за тоа“, изјави тој.

Синот на Перо, Христијан со сопругата Марија ја добија Нина пред една година.

Ова е само еден пример за тоа колку силна и важна улога играат дедото и бабата во животот на младите генерации. Љубовта, поддршката и насмевките што ги даваат овие постари членови на семејството оставаат неизбришлив печат во срцата на внуците, формирајќи уникатни и бесценети моменти на блискост и споделена среќа.

Фото: Фејсбук
РЖМ - Г.Д.Г

Тука прочитај повеќе:

Петар Георгиевски – Камиказа за Велигден: Бог ме врати во живот трипати и ми го даде најголемиот подарок- мојата внука