Маја Оџаклиевска му посака „Добредојде“ на новиот член на семејството со емотивна и топла порака

Добивај вести на Viber

Регионално познатата пејачка со македонско потекло, Маја Оџаклиевска, ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи со нежна и радосна вест – нејзиното семејство стана побогато за уште еден мал, но многу драг член.

Станува збор за мало жолто маче, кое, како што вели Маја, стигнало директно од српскиот град Крагујевац. 


Таа со емотивна објава на „Фејсбук“ откри дека мачето моментално сè уште нема име и дека им ја препушта честа на своите фанови да предложат како да го крсти.

Вчера, семејството се збогати со уште еден член кој пристигна од преубавиот Крагујевац. Засега нема име, па би ве замолила да кумувате, ако сте расположени, напиша Маја во објавата, споделувајќи фотографија од симпатичното маче.

Пејачката откри и дека новото милениче брзо се навикнало на новиот дом, а негово омилено место за одмор е – нејзиниот стомак. 

Маја верува дека адаптацијата ќе оди лесно, и дека тие двајца наскоро ќе се „синхронизираат“ под ист покрив, градејќи нова, симпатична семејна динамика.