Мајка и ќерка како сестри: Викторија Лоба уште еднаш покажа чии гени наследила

Русокосата македонска пејачка со потекло од Русија, Викторија Лоба, повторно ги воодушеви своите фанови со семејна фотографија која ја објави на социјалните мрежи.
Фотографијата со нејзината мајка е уште една потврда за поговорката „крушата под круша паѓа“, бидејќи пејачката и нејзината мајка изгледаат неверојатно слично.
Една до друга, повеќе личат на сестри отколку на мајка и ќерка, што не остана незабележано од следбениците. Викторија ретко споделува семејни фотографии, а кога тоа ќе го направи, добива бројни комплименти за својот изглед, а многумина се согласуваат дека нејзината убавина ја наследила од мајка ѝ.
За потсетување, Викторија Лоба е родена во Таганрог, Ростовска Област во Русија, а на само 8 години се преселила со мајка ѝ во Македонија. Во 2019 година таа го доби македонското државјанство, продолжувајќи ја својата музичка кариера во земјата.
Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г