Македонката која беше инспирација за српскиот хит „Македонка“ стана црногорска снаа

Даниела Димитровска, Македонката која стои зад инспирацијата за хитот „Македонка“ на српското дуо „Фламингоси“, повторно е во центарот на вниманието – овој пат поради нејзината нова љубов.
Таа често патува и престојува во Црна Гора, а причината за тоа е нејзината врска со црногорскиот фудбалер Јеврем Косниќ, кој е шест години помлад од неа. Нивната врска започнала неодамна, но веќе станала сериозна, со оглед на тоа што Даниела сè почесто се појавува на јавни настани во Црна Гора и е видена во друштво на Јеврем.
И покрај разликата во годините, нивната љубов цвета, а блиски извори велат дека двајцата се посветени еден на друг и уживаат во заедничките моменти на црногорското приморје. Димитровска не се огласила официјално за врската, но нивната блискост не поминува незабележано.
Со новата љубов, Даниела повторно блеска – токму како и песната што ја овековечи нејзината убавина.