Македонската пејачка на музички спектакл кој ќе го памети: Погледнете како изгледаше ова незаборавно доживување!

Македонската пејачка, која повеќе од една година живее во Белгија, изминатиот викенд уживаше во ретка можност да го види одблизу и да ужива во популарните хитови на светската британска ѕвезда Ед Ширан.
Елена сподели фотографии и видеа од ова незаборавно доживување, кое сигурно ќе го памети долго. Присуството на концерт на некоја светска ѕвезда е еден од моментите кои секој треба да ги има на својата листа „задолжителни работи кои треба да ги направите во животот“.
Пејачката уживала во спектаклот кој го приредил Ед Ширан во Лил, Франција. Овој концерт бил неверојатно искуство, кое не се случува често, особено на Балканот, каде што таквите настани се ретки. Затоа, за многумина, патувањето до одредена дестинација често станува и можност да се присуствува на концерти на светските ѕвезди.
Неодамна, и други македонски пејачи ги искористија овие шанси. Каролина Гочева, заедно со својата сестра и внуките, присуствуваше на концерт на Били Ајлиш, Сара Мејс беше на концерт на Бијонсе, а Антониа Гиговска ја имаше можноста да ја гледа Дуа Липа.
Овие доживувања се не само музички настани, туку и моменти кои оставаат траен печат во животите на сите љубители на музика.
Фото: ИнстаграмРЖМ - Г.Д.Г