Актуелно // Insta вести
Македонската трансродова пејачка Фифи Јаневска го покажа новиот изглед: Нова боја на коса и нова перспектива на животот

Македонската трансродова пејачка Фифи Јаневска веќе неколку години живее во Шведска. Оттаму објавува фотографии од своето секојдневие, но знае и да ја посети Македонија и да ужива во друштво на своите пријатели.
Ја знаеме како црнокоса, но со текот на годините го менуваше стилот. Подоцна стана и русокоса, а со последната објава покажа дека одлично ѝ прилега и розова боја.
„Ако нешто би било поинаку во мојот живот, немаше да бидам тоа што сум денес. Не можете да не го видите она што сте го виделе, не можете да не го слушнете она што сте го слушнале, не можете да не го доживеете она што сте го доживеале. Но, она што можете да го направите е да ја смените вашата перспектива за тоа и да го искористите искуството за да растете и заздравувате, наместо само да останете лути“, напиша Фифи во една прилика.
Македонската јавност Фифи Јаневска ја запозна на музичкото шоу Икс Фактор. Откако во нашата земја се соочи со неприфаќање на нејзината определба, таа замина да живее во Стокхолм, Шведска, каде продолжи да се занимава со музика.