„Мама и Тато, автокамп Градиште, осумдесет и некоја…“: Безвременска фотографија стара 40 години од Анче и Александар Џамбазови

Добивај вести на Viber

Фотографиите од семејните албуми често претставуваат безвременски спомени што предизвикуваат силни емоции и будат носталгија. Една таква фотографија, која предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, неодамна ја сподели актерот и шоумен Игор Џамбазов.

На објавената фотографија, направена во 80-тите години на охридската плажа во автокампот Градиште, се прикажани неговите родители — Анче и маестро Александар Џамбазови, како уживаат во летниот одмор.

„Мама и Тато, автокамп Градиште, осумдесет и некоја…“, напиша Игор во описот.

View this post on Instagram

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Љубовната приказна на Анче и Александар започнала во 1960 година, а двајцата се венчале две години подоцна, во 1962. Но, нивниот животен пат, исполнет со љубов и уметност, бил обележан и со тажни моменти. Токму на 30 септември 1997 година, во денот кога одбележувале 35 години од бракот, Анче Џамбазова го загубила животот.

„На 30 септември 1997 година, денот кога замина од овој свет, беше токму 35-годишнината од нивниот брак“, изјави Игор Џамбазов во една пригода. Маестро Џамбазов, пак, со длабока емоција се присети на последниот миг со сопругата: „Ја купив една роза за јубилејот. Дојдов до нејзиниот кревет, ѝ ја ставив на градите. Таа ме погали по рацете и го направи последното издишување.“

Приказната за Анче и Александар Џамбазови останува како сведоштво за една длабока и искрена љубов, која ги надживува и времето и просторот.

Ѝ донел ружа за 35 годишнина од брак, а таа го погалила за рака и починaла: Љубовната приказна на Анче и Александар Џамбазови има претажен крај

Фото: Принтскрин/ Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г