„Ме споредуваа со лик од Мапет шоу, не умеев да се справам, ми помогна советот на татко ми“: Илина Арсова открива како го надминала булигот во детството

Добивај вести на Viber

Македонската алпинистка и позната јавна личност, Илина Арсова, на својот Инстаграм профил сподели емотивни моменти од своето детство кои длабоко се врежани во нејзината меморија. Во постот, таа ги сподели своите искуства од училишните денови, кога била соочена со ситуација која влијаела на нејзина самодоверба.

Илина ја започна приказната со сеќавање на популарното Мапет шоу, која била популарна емисија за генерацијата со која порасла. Приказната за булонгот во училиште кој го има доживеано го поврзува со лик од популарното Мапет шоу. 

Илина сподели искуство како нејзините сооученици ја поистоветувале со овој лик, при што таа се чувствувала длабока тага и незадоволство.

Приказната Илија ја започнува вака:

„Мојата генерација во основно школо растеше со Мапет шоу. Па едно време дојде ред да си поделиме улоги во одделението, на шега нели, и мене ми се падна Гонзо. Е сега не дека Гонзо не беше симпатичен (без разлика на родова идентификација), ама имаше изразито голем нос и некако наметната негативна конотација. Соучениците ако го приметеа моето незадоволство уште поупорно ќе ме завикаа Гонзо. Тогаш бев ситна и срамежлива и не умеев да најдам механизам како да се справам со тој детски и можеби ненамерен булинг на кој во различни форми бев изложена уште од забавиште“.

Нејзините соученици, иако несвесно, продолжиле да ја викат Гонзо, а Илина не знаела како да се носи со тоа. Сепак, советот од нејзиниот татко, кој ѝ донел мини маскота на Гонзо, ѝ помогнал да се справи со ситуацијата. „Еден ден татко ми се врати од пат и ми ја донесе оваа мини маскота од Гонзо. Моите родители ме подучија дека тој е фантастично суштество со некои карактеристики налик на мравојад, кој инаку не би можел да опстане без специфичниот нос“, раскажува Илина.

Таткото ѝ предложил да ја прифати улогата на Гонзо и да се идентификува со него за да ги отстрани навредите и да го смири вниманието од останатите. Иако идејата ѝ се чинела глупава, Илина ја прифатила и почнала да носи куклата со себе на училиште, што на крајот ја донело до мир.

„Набрзо, навредите престанаа или се преселиле на некој друг, кој исто така бил обележан со туѓ идентитет, не по своја волја“, додава Илина.

Таа ја завршува приказната со важна поука: Пораката од оваа приказна е подолга и се провлекува длабоко низ животот. Вакви и слични ситуации можат да ја разнишаат нашата самодоверба и да не натрупаат со негативни емоции кои ги тегнеме низ животот. Срам, страв, несигурност, вина... не сме доволно паметни, доволно убави, доволно упорни...Кукличката од Гонзо е сеуште во нашиот дом, а приказнава ја споделувам за да не потсети кои сме и што сме, надвор од етикетите и перцепцијата на другите. Ви посакувам убав ден, убави луѓе“, заклучува Илина.

Оваа лична приказна е потсетник за сите нас дека етикетите и предрасудите не ја дефинираат нашата вредност и дека важно е да веруваме во себе и да ја прифатиме својата уникатност.

Фото: Инстаграм
РЖМ- Г.Д.Г