Мими со синчето Никола ги дувна свеќички: Емотивен момент од роденденот!

Добивај вести на Viber

Македонската пејачка и поранешна учесничка во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Мими Јовановска, го прослави својот 25-ти роденден во друштво на најблиските.

Славеничката роденденот го одбележа во топла семејна атмосфера, опкружена со најблиските пријатели и роднини. Роденденската торта, украсена со розови цветови, беше во тон со розово-белата декорација, а посебен момент беше кога Јовановска ги дувна свеќичките заедно со нејзиниот син Никола.

Само еден месец претходно, таа и нејзиниот партнер, Филип Нуне, организираа роденденска забава по повод вториот роденден на нивниот син. Забавата беше инспирирана од омилените животни на малиот Никола и помина во весела и разиграна атмосфера.

Фото: Инстаграм
РЖМ