Моден двобој во боите на Македонија: Вера и Ирена блеснаа на настан во Аеродром

Добивај вести на Viber

Вокалистката на групата Љубојна, Вера Милошевска-Јосифовска, и телевизиската водителка Ирена Спировска приредија вистинско модно изненадување со своето појавување на настан во скопската населба Аеродром. Двете дами беа облечени во симболични тонови – боите на македонското знаме.

Ирена Спировска се појави во впечатлив црвен комбинезон, додека Вера Милошевска-Јосифовска носеше елегантен жолт фустан. Случајната средба на двете јавни личности на настанот се претвори во вистински моден момент, привлекувајќи внимание со стилот, хармонијата и патриотскиот избор на облека.

„Прегрнати во боите на Македонија“, напиша Вера на својот профил на Инстаграм, споделувајќи фотографија од нивната средба.

Модниот избор на Вера и Ирена уште еднаш покажа дека со малку креативност и стил, модата може да биде и начин на изразување љубов кон татковината.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г