На среќата и нема крај: Синот на Дани Димитровска магистрираше на престижен универзитет во Холандија

На среќата и нема крај за пејачката Дани Димитровска. Пејачката со радост ги сподели убавите вести со јавноста преку своите социјални мрежи. На својот Инстаграм профил, Дани објави фотографија од својот син Лазар, кој неодамна магистрирал. Под објавата, пејачката напиша емотивни зборови: „Син магистрираше“.
Лазар, синот на Дани, минатата година ги заврши студиите на Универзитетот за применети науки Fontys во Ајндховен, Холандија. Тој веќе неколку години живее и студира во земјата на лалињата, а Дани често го посетува и ужива во времето поминато со него.
Во текот на минатата година, пејачката не го пропушти важниот момент во животот на Лазар - доделувањето на дипломите, што беше значаен момент и за неа како горд родител. За време на посетите во Холандија, Дани има можност да прошета и да ужива во убавините на околината на Ајндховен, што ја исполнува со дополнителна радост.
Фото: ИнстаграмРЖМ