Наум откри дека тој и Зуица имаат многу непријатели: Сепак успеа да ги исчисти сите „зли јазици“ во два дена

Добивај вести на Viber

Познатиот македонски пејач Наум Петрески викендов ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи со необично искрен и остар статус. 

Во објава на Фејсбук, тој откри дека тој и неговото семејство се соочуваат со голем број непријатели.

Да се чуди човек колку непријатели имаме, сѐ изнаблокирав овие два дена. Чистка! - напиша Петрески.

Иако објавата предизвика бурни реакции и коментари од фановите, само неколку дена подоцна пејачот ја избриша. 

Овој потег на многумина им остави впечаток дека Наум се покајал за своите зборови и можеби посакал да го избегне натамошното внимание.

Петрески важи за еден од најмирољубивите уметници на македонската сцена. Познат е по својата скромност, добрина и хармоничниот живот со сопругата Зуица Лазова. Двојката има две деца, кои ги следат музичките чекори на своите родители.

Иако причините за неговата објава остануваат непознати, фановите изразија поддршка и надеж дека ќе се врати со својот препознатлив оптимизам и позитивна енергија.