Нина Ангеловска на одмор со семејството: Моменти со синчето, а покажа и како се исхранува за таква вита линија (ФОТО)

Македонската бизнисменка и поранешна министерка за финансии, Нина Ангеловска, моментално ужива на летен одмор со своето семејство.
Таа преку својот Инстаграм профил им овозможи на следбениците да ѕирнат во нејзината семејна бајка, објавувајќи неколку фотографии кои зрачат со хармонија, љубов и летна свежина.
Инстаграм
Најмногу внимание привлече еден топол момент со нејзиното синче, што уште еднаш ја покажа Нина во нејзиното најважно животно издание – како мајка.
Таа и во претходни прилики отворено зборувала за значењето на семејството и улогата на мајката, а овојпат го потврди тоа со нежноста што ја сподели преку фотографијата.
Меѓу споделените содржини, љубопитните следбеници добија и мал увид во нејзиниот начин на исхрана. На една од фотографиите, се гледа внимателно подготвена порција богата со морски плодови – избор што зборува за нејзината грижа за здравјето и витата линија.
Ангеловска важи за една од најстилизираните и најнегуваните јавни личности во Македонија, а ваквите детали уште еднаш потврдуваат дека зад тој изглед стои посветеност и дисциплина.
Одмор исполнет со семејна блискост, здрава храна и природна убавина – така изгледа летото на Нина Ангеловска, која и покрај бројните деловни и јавни обврски, не заборава на највредното: времето со семејството.
М.С.К