Нивните победи нѐ прават горди: Нивната игра не е само спорт, туку приказна за нацијата – ова се вистинските македонски херои!

Иако мала по територија, Македонија се гордее со низа врвни спортисти кои со своите успеси оставија силен белег на домашната и меѓународната спортска сцена.
Во секоја држава постојат поединци кои со својата посветеност, труд и успех стануваат симбол на национален идентитет и единство. Во Македонија, токму спортистите се тие кои најчесто ја подигнуваат државната знаме на меѓународната сцена и ја претставуваат земјата со достоинство и гордост.
Секоја победа на македонски спортист – било тоа да е медал на Олимписки игри, значајна победа на ракометната репрезентација или успех на млад спортски талент – е причина за радост и обединување на народот. Во моменти на спортски триумфи, разликите исчезнуваат, а чувството на припадност и национална гордост расте.
Овие успеси не се случајни. Зад нив стојат години напорни тренинзи, многу откажувања и борба со ограничени услови, особено во мала земја како Македонија. Токму затоа, македонските спортисти се повеќе од шампиони – тие се херои на секојдневието, амбасадори на македонската волја, истрајност и страст.
Токму тие поединци денес добија национални признанија за најуспешни македонски спортисти кои оставиле длабок белек во спортската историја на нашата земја.
„Голем дел од добитниците се ракометари и ракометарки кои со своите настапи не само што го одбележаа домашниот ракомет, туку и се втемелија на меѓународната сцена, носејќи ѝ слава на Македонија. Нивните успеси се резултат на години напорна работа, пожртвуваност и спортска страст,и токму затоа денес се препознаени како симболи на национален спортски успех. Ова признание претставува поттик за идните генерации спортисти , кои преку труд и посветеност можат да продолжат да го градат македонскиот спортски идентитет“, напишаа од Македонската ракометна федерација.
Од фудбалот тоа се Горан Пандев, Дарко Панчев и Илија Најдоски,кошарка - Петар Наумоски и Перо Антиќ, ракомет -Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Владо Недановски, Петар Ангелов, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Мартин Поповски, Валентина Радуловиќ, Елена Ѓорѓиевска, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена Златановска Муратовска, Клара Боева.
Фото: Инстаграм