Нова боја, нова енергија: Теа не се плаши да експериментира – и тоа ѝ стои совршено

Летото секогаш носи промени, ведар дух, повеќе слободна и експериментирање.
Македонската пејачка поведена токму од погоре наведеното, се одлучила за промена. Велат кога жена сака промена, започнува со косата.
Па така Теа Трајковска се одлучи да биде русокоса со розови прамени.
„Убава трансформација, топ си“, „Мојата барбика“, се дел од коментарите на објавените фотографии.
Теа отсекогаш сакала да експериментира со бојата на косата. Сме ја виделе во секакви изданија од џинџер, нијанси на портокалова, црвена, темно кафена, па се до русокоса.
Розовата коса се враќа на голема врата како еден од најзабележливите трендови за 2025 година. Од нежни пастелни нијанси до интензивна. Трендот го диктираат бројни светски ѕвезди и инфлуенсери, но сè повеќе и „обични“ девојки и жени го избираат токму розовиот тон како израз на индивидуалност, креативност и – зошто да не – забава. Видовме варијанти на розова коса кај ѕвезди како Дуа Липа, Били Ајлиш и Кендал Џенер, кои го комбинираа овој изглед со минималистички стајлинзи, оставајќи косата да биде во центарот на вниманието.
Она што ја прави розовата боја толку привлечна е нејзината флексибилност – може да биде романтична, панк, нежна или бунтовна, во зависност од нијансата и стилот на фризурата. Пастелно розовата боја е одличен избор за оние кои сакаат суптилен изглед, додека живите, неонски тонови се резервирани за оние што сакаат да експериментираат и да се истакнат.
Фризерите советуваат дека најдобар резултат се добива на изветкана или претходно осветлена коса, а одржувањето бара специфична нега со производи за обоена коса.
Психолозите велат дека изборот на розова коса често значи потреба за свеж старт, слобода на изразување или едноставно – желба за нешто поинакво. А во време кога сè повеќе се вреднуваат уникатноста и смелоста, розовата коса е токму тоа – визуелен потпис на личен став.
Фото: ИнстаграмРЖМ - Г.Д.Г