Од Париз со љубов: Сара и Димитар романтични на концертот на светската дива

Популарната двојка Сара Мејс и Димитар Атанасовски ја искористија шансата за романтично патување во Париз, а еден од поводите за ова беше концертот на светската музичка икона, Бијонсе.
Познато е дека концертите на Бијонсе се вистински спектакли, исполнети со неверојатни настапи, кореографии, светлосни ефекти и видео бимови, што ги прави нејзините настапи незаборавни.
Сара и Димитар не ја пропуштија оваа можност да уживаат во магијата која ја понуди Бијонсе. Сара сподели неколку инстаграм приказни на кои ја пренесе атмосферата од концертот во „Stade de France“, создавајќи впечаток за следбениците како да се дел од оваа незаборавна вечер.
Иако концертот беше голем повод за нивното патување, парот не криеше дека освен во музиката на Бијонсе, уживаат и во љубовта и времето кое го поминуваат заедно. Овој концерт беше втор за Сара, која пред две години сама присуствуваше на Бијонсе во Амстердам, а своите импресии ги сподели со следбениците на Инстаграм.
Покрај настапот на Бијонсе, Сара и Димитар лани уживаа и на концертот на Ед Ширан во Белград, што е само еден од многуте музички настани на кои парот ја покажува својата љубов кон музиката и еден кон друг.
Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г