Одмор со стил: Водителката Александра Пановска Илиевска покажа како може да изгледате тренди на плажа ова лето

Островите на грчкото крајбрежје се идеален избор за летен одмор, нудејќи уникатно искуство и незаборавни моменти. Тиркизната вода, калдрмените сокаци, уредените таверни во морски стил и панорамските погледи кои никогаш не се доста, се само дел од убавините што ги нудат овие острови.
Водителката на утринската програма на Канал 5 телевизија, Александра Пановска Илиевска, за својот семеен одмор одбра токму еден од овие острови кои нудат доживување за цел живот. Таа го избра Едипсос, место сместено во северозападниот дел на островот Евија, каде се наоѓаат најпознатите спа-центри во Грција, познат по своите топли минерални извори кои се соединуваат со морето.
Но, водителката со своето семејство не се задоволи само со оваа локација. Таа го посети и островот Скијатос, кој го опиша како „Остров кој мора да го видите“. Панорамските погледи на островот Скијатос ја оставија без здив и ги сподели со своите следбеници на Инстаграм, каде редовно објавува инспиративни мисли.
„Добро утро. Биди најдобрата верзија од себе, секој ден, на секој терен“, напиша Александра во една од своите објави, со која пренесува позитивна енергија на нејзините фанови. Очигледно, убавото време, плажите и морето имаат позитивен ефект врз нејзиното расположение.
Александра за ова лето одлучи да биде во опуштено издание, одбирајќи тренди куси бермуди во бела боја и џинс, бела ленена кошула и памучни мачки. За заштита од сонцето, носеше шапка и очила, а на нозете сандали, кои се совршено вклопуваат со летниот стил.
Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г